Поврзете се со нас

Македонија

Трансферот е комплетирaн: Рамадани го облече дресот на Динамо Киев (ФОТО)

Објавено

на

foto: fcdynamo.com/

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Решат Рамадани и официјално е нов член на украинскиот великан Динамо Киев.

Тоа за што се говореше изминативе денови, а денеска Динамо го најави со загатка сега е решено, па така досегашниот играч на Шкендија беше претставен во новата средина во која ќе го носи дресот со бројот 92.

Се работи за најтрофејниот клуб од Украина, клуб во кој 19-годишниот Решат ќе има можност да напредува, да се развива под водство на легендарниот Мирчеа Луческу.

Шкендија ќе добие обештетување за оваа операција, а ќе заработи и 15 проценти и од следниот трансфер на играчот за врска.

foto: fcdynamo.com/

foto: fcdynamo.com/

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни