Поврзете се со нас

Балкан

Трансфер бомба од соседството: Миротиќ се договорил со поранешниот европски шампион!

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Никола Миротиќ си заминува од Барселона по четири години, поточно сега двете страни бараат заеднички јазик за предвремен раскин на договорот и тоа набрзо ќе се случи, потврди според медиумите.

Потоа Миротиќ ќе може да потпише за новиот клуб кој според српски „Телеграф“ веќе е избран и се работи за европскиот шампион од 1992 година-Партизан. Актуелниот АБА шампион успеал да го обезбеди потписот на некогашниот член на Чикаго Булс, Милвоки Бакс и Њу Орлеанс Пеликанс, договор кој ќе биде на една, плус уште една сезона.

По се изгледа повикот од Жељко Обрадовиќ бил пресуден за Миротиќ кој ќе има можност да игра под водство на можеби најдобриот европски тренер на сите времиња.

Партизан досега ги ангажирање Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни