Поврзете се со нас

Светски првенства

Трајковски блесна како стартер во нападот, Македонија испорача „петка“ во мрежата на Лихтенштајн (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација е неколку класи подобра од онаа на Лихтенштајн, нешто што го потврди и докажа оваа вечер на теренот на националната арена „Тодор Проески“.

Игор Ангеловски му даде шанса на Александар Трајковски во стартната постава, а тоа се покажа како полн погодок, бидејќи токму блесокот на играчот на Мајорка беше најава за фудбалската рапсодија која следеше од наша страна во вторите 45 минути.

Во првиот дел, главната разлика ја направи слободниот удар на Енис Барди и лошата реакција на противничкиот голман, па по погодокот на фудбалерот на Леванте, Трајковски со два брзи гола во вториот дел навести сигурни три бода за Македонија и со истите стана втор најдобар стрелец во историјата на македонската селекција, надминувајќи го Ѓорѓи Христов.

Во гол шоуто се приклучи и Елиф Елмас по една одлична комбинација и последно додавање од Иле Несторовски, кој пак беше стрелец на погодокот за конечни 5:0.

Бобан Николов се избори за пенал, а напаѓачот на Удинезе беше прецизен реализатор на најстрогата казна во отсуство на капитенот Пандев кој претходно беше повлечен од игра.

За Македонија ова беше прва победа во мундо квалификациите по стартниот пораз од Романија, а сега на ред е гостувањето во Дуизбург против фаворизираната Германија која вечерва славеше во Букурешт со 0:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни