Поврзете се со нас

Шпанија

Трагична вест од Уругвај: Пронајдено безживотното тело на Акоста

Објавено

на

Уругвајските медиуми со огромна загриженост ја пренесоа веста за исчезнувањето на Франко Акоста, поранешниот фудбалер на Вилјареал и Расинг Сантандер на кого му се губи трагата откако во саботата се обидел да премине од еден на друг крај од реката во својата родна земја.

Немилиот настан се случил во областа Канелонес, а по два дена трагање од страна на поморските власти и специјализираните нуркачки екипи, денеска беше соопштено дека е најдено неговото безживотно тело, неколку метри од местото на кое последно бил виден.

Младиот 25-годишен фудбалер бил во друштво на својот брат кој го пријавил немилиот настан, а денеска властите само го потврдија најлошто сценарио, кое многу потсетува натрагедијата која ја доживеа Алисон Бекер.

Голманот на Ливерпул остсана без својот татко кој се удавил во езеро во Бразил, додека Акоста се удавил во реката која се обиде да ја премине со пливање изминатава сабота.

Акоста беше надалеку познат во Уругвај поради тоа што беше младински репрезентативец на оваа земја, а по Вилјареал и Расинг, негов последен клуб беше Атенас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни