Поврзете се со нас

Италија

Тоти за контроверзната изјава за Дибала: Немам ништо против него, ама ако сакаат…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала е еден од најзначајните играчи на Рома, играч кој кога тој не е на теренот калчолигашот има проблеми да се поврзе, да одигра квалитетно и да дојде до посакуваниот резултат.

Токму поради ова беше изненадување изјавата на легендата на „волчицата“, Франческо Тоти кој пред некој ден порача дека би го продал Аргентинецот затоа што често е повреден.

Со ова тој разлути дел од навивачите, се разви дебата, па Тоти доби уште една можност да го објасни својот став.

-Јас не сум директор на Рома, Интер или Јуве. Јас сум фудбалски навивач, Рома во овој случај. Можам да кажам што сакам, што мислам тоа кажувам. Ова не го кажав против Дибала, секогаш сум го бранел и за мене тој е технички најсилниот играч во тимот. Кога тој недостасува, можете тоа да го почувствувате.

-Ми поставија прашање, што би правел да сум директор. И реков дека ќе размислам за тоа, бидејќи ако игра 50% од натпреварите за две години, јас би размислувал за тоа. Потоа, ако сакаат да ги направат работите поголеми, така нека биде. Немам ништо против Дибала, јас бев еден од првите што го доведоа во Рим, -рече Франческо за „Спорт Медијасет“.

Дибала сезонава има одиграно 28 натпревари и постигнато 14 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни