Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тони со тип за ЛШ: Тимот на Анчелоти игра лошо, но потоа…..

Објавено

на

Foto:instagram.com/luca_toni.9

Лука Тони бил гостин на Емпорио Армани падел турнирот кој бил организиран вчера во Барселона, а кратката средба со новинарите ја искористил за да одговори на неколку интересни теми.

Поранешниот голгетер нема простор да бодри италијански тим поради фактот што Интер и Лацио испаднаа во осминафиналето, но затоа има домашен претставник во Карло Анчелоти за кого даде несекојдневна изјава.

Некогашниот прв напаѓач на Баерн Минхен вели дека тимовите на Карло Анчелоти обично не играат убав фудбал, но затоа кога ќе дојде моментот на вистината, секогаш се на висина на задачата.

– Фаворити за титулата во ЛШ? Сите има победнички менталитет и секогаш игра добро, а Гвардиола има среќа што може да смета на неколку шампиони во својот тим.

– Оваа сезона многу ми се допаѓа ПСЖ на Луис Енрике и секако дека го следам Реал на Карло Анчелоти. Тимот на Карло игра лошо, но кога ќе дојде април, едноставно се буди. Мора посебно да бидете внимателни со тимовите кои ги води Карлето, – изјави Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни