Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Ми преостанува да му порачам само едно на Ѓоковиќ (Фото)

Објавено

на

Тони Надал во минатото беше тренер на Рафа и беше дел од неговиот тим на секој турнир кој го играше најдобриот шпански тенисер во историјата, но како повеќедецениски тениски работник, во последно време се занимава и со пишување колумни за „Ел Паис“.

Чичко Тони веќе неколку години не е дел од стручниот штаб на Рафаел и е дистанциран од секојдневните случувања околу неговиот внук, но како тениски експерт кој будно го следел големото финале на Ролан Гарос, не пропушти да испрати искрени честитки до Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер го освои трофејот на Френч Опен и стигна до рекордна 23-та грен слем титула во кариерата, надминувајќи го рекордот кој досега го делеше со Рафа Надал.

– Кога почна овогодинешното издание на Ролан Гарос, напишав дека Руд е еден од кандидатите за финале и дека ќе се бори за титулата. Сметајќи го и неделното финале, ова му е трето грен слем финале во последната година, тоа им успева на малкумина тенисери. Кога ќе го освои првиот трфеј, со големо задоволство ќе го славам истиот, бидејќи тој е тенисер кој комбинира убав тенис и фер плеј, – вели Тони за Руд кој е продукт на Академијата Рафа Надал.

– Руд почна да ги губи конците и да греши во финалет кога почна да бега од својата иницијална идеја. Рун подобро го почна мечот, отвори со брејк, но потоа застана и направи неколку грешки во клучните моменти. Каспер ја плати цената за своите грешки, единствена опција му беше да го одржува физичкиот и менталниот интензитет во текот на целиот меч. Сепак, не беше во состојба да го направи тоа.

– Што се однесува до Ѓоковиќ, уште еднаш со големо воодушевување ми преостанува само да му честитам и да му посакам да ужива во ова неверојатно достигнување заедно со своето семејство и со членовите од тимот, – порачува Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни