Поврзете се со нас

Италија

Тонали откри кој број ќе го носи во Милан и од кого побарал специјална дозвола за тоа

Објавено

на

Еден од најталентираниот италијански играчи Сандро Тонало го реши прашањето за својата иднина и од нареднава сезона ќе го гледаме во Милан, тимот од неговите соништа, тимот за кого навива уште од дете.

Тонали е пресреќен поради тоа што сонот ќе му се оствари и ќе настапува во „црвено-црната“ комбинација и тоа со бројот осум за што побарал специјална дозвола од сегашните тренер на Наполи, но воедно и легенда на „росонерите“, Џенаро Гатузо.

-Ја избрав осумката затоа што има значење за улогата на средината на теренот, но и за Милан. Го носеше играч кој испиша историјата во овој клуб, Гатузо. Јас му се јавив и тој одговори како тренер, ми кажа дека не треба ниту да прашувам, да го земам и се да направам, -вели Тонали .

-Ќе биде прекрасно да се игра покрај Златан Ибрахимовиќ. Ќе биде полесно да му се дадат асистенции, бидејќи никогаш не промашува. Јас веќе разговарав со Џиџио (Донарума), (Давиде) Калабрија и (Алесио) Ромањоли кои сите ми се пријатели од репрезентацијата. Тие ми дадоа многу совети и подготвени сме за оваа нова авантура.

-Ова е млад тим, но веќе се покажа како одлична група на играчи. Ја имаме оваа желба да создаваме, ќе има можности и мора да ги искористиме без двоумење. Им велам на навивачите дека заедно можеме да сториме сè, дури и невозможното, -дополни досегашниот член на Бреша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни