Поврзете се со нас

Свет

Томовски блескаше против Есен

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски имаше квалитетна партија во дресот на Лудвигсхафен на дуелот против Есен во Бундеслигата.

Томовски имаше најдобар учинок од сите голмани кои настапија на овој дуел, поточно собра 12 интервенции или поточно имаше 38.71 проценти на одбранети удари. Сепак оваа партија не беше наградена со посакуваниот резултат затоа што домаќините претрпеа минимален пораз од 26-25.

Лудвигсхафен со 8 бода е на 18 место на табелата, во следното коло Мартин и колегите се домаќини на Филип Миркуловски и Вецлар.

Филип Кузмановски пак победнички се врати на терените по епизодата која ја имаше со коронавирусот. Имено неговиот Хановер славеше над Линген од 31-22 во меч во кој Филип имаше два погодоци од исто толку обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни