Поврзете се со нас

АБА лига

ТФТ се прости со пораз од АБА2 лигата и заврши на последното место

Објавено

на

ТФТ на најнепосакуван можен начин ја заврши сезоната во АБА2 лигата, односно со претрпен пораз кој значи дека тимот од Тафталиџе заврши како фенерџија во регуларниот дел од сезоната.

Уште пред извесно време, стана јасно дека ТФТ нема шанси да се бори за плејофот какошто беше случајот со Пелистер, но поразот од Шибенка на крајот направи македонскиот претставник да биде најлош во второто по ранг АБА натпреварување.

Во дуелот меѓу претпоследниот и последниот тим на табелата, Шибенка за жал успеа да триумфира и го израмни скорот кој досега го имаше ТФТ (2 победи и 11 порази), но хрватскиот тим поради подобар меѓусебен дуел заврши како 13-ти.

Избраниците на Смилковски потфрлија на уште еден натпревар и ја завршуваат сезоната со само две победи, а фактот што денеска постојано беа во подредена ситуација, доволно покажува дека кошаркарите немаа и голем мотив за надигрување.

Шибенка победи со 89:76 и го препушти последното место на ТФТ, а лидер на победничкиот тим беше Лукиќ со 20 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни