Поврзете се со нас

Лига Европа

Тен Хаг призна дека еден стартер играл „фластер“ на Де Јонг: Постојано беше околу него како комарец!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг направи една корекција на стартот на вториот дел и го стави Антони на местото на Вегхорст, одлука која се покажа како полн погодок на крајот на натпреварот на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед успеа да направи пресврт во вториот дел и со победа од 2:1 ја елиминираше Барселона во бараж рундата во Лигата на Европа, успех за кој Тен Хаг пофали доста фудбалери како Варан, Мартинез, Касемиро, Антони и Гарначо, но не го заборави и стрелецот на првиот гол.

Фред израмни на 1:1 на самиот старт на второто полувреме, но според Тен Хаг, тој одиграл клучна улога во неутрализирање на играчот кој е архитект на играта на Барселона.

– Фред имаше важна улога уште минатата недела, а сега го повтори тоа. Негова прва задача беше да го сопре Френки Де Јонг. Имаше за задача да не му дозволи да игра, – изјави Тен Хаг, признавајќи дека играл со „фластер“ на својот сонародник.

– Постојано беше околу него како комарец, мораше да игра така и задачата ја заврши на извонреден начин, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни