Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг пред големото дерби со Сити: Јунајтед е најдобар во еден сегмент во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед има турбулентен старт на сезоната и бележи доста променливи резултати во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но состојбата на табелата во домашното првенство во моментов вели дека не е толку далеку од Манчестер Сити.

Големото градско дерби е на програмата в недела и домаќин ќе биде тимот на Ерик Тен Хаг, кој мечот го пречекува со шест бода помалку од актуелниот англиски и европски шампион.

Тен Хаг се обиде да дава политички одговори и нагласи дека во моментов двата клуба ги делат само шест бода, но реши да го издвои и сегментот во кој неговиот тим е најдобар во англиската елита.

– Колкава е разликата во квалитет меѓу Сити и Јунајтед? Во моментов разликата изнесува само шест бода и мораме да се обидеме да ги стигнеме. Знаеме дека имаме простор за напредок, но ние сме на добар пат. Фативме еден правец и не отстапуваме од него. Гледам многу позитивни аспекти во нашата игра, иако има и негативни.

– Нашиот проблем е континуитетот во текот на еден меч, мораме да бидеме поконстантни во текот на сите 90 минути. Задоволен сум од пресингот кој го вршиме, ние се најдобри во еден сегмент во Премиер лигата, а тоа е бројот на одземени топки од противникот. Проблемот е во тоа што не знаеме да ги користиме транзициите во нападот какошто треба. Имаме квалитет за такво нешто, но се уште треба да работиме. Може да се зборува што сака, но ние сме тежок тим за победување. Можеме да ја подобриме играта, но не секогаш работите зависат само од нас, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни