Англија
Тен Хаг не штедеше комплименти за спасителот Санчо, но му испрати и едно предупредување

Манчестер Јунајтед не изгледаше како тим кој може посериозно да му наштети на Лидс Јунајтед по негативата од 0:2, се до влегувањето во игра на Џејдон Санчо кој го имаше својот прв меч во Премиер лигата после неполни четири месеци.
Санчо одигра 30-тина минути и го прикажа сиот свој потенцијал во овој период, односно потсети на најдобрите денови од Борусија Дортмунд, форма поради која беше и скапо платен од раководните структури на „Олд Трафорд“.
Џејдон одлично комбинираше со своите соиграчи и го постигна голот за 2:2 против Лидс, а по натпреварот доби големи пофалби од Ерик Тен Хаг, кој сепак му испрати и едно предупредување.
– Потребна ни беше друга динамика во второто полувреме и со Санчо се вративме во мечот. Многу сум среќен за него, тој дефинитивно се врати. Сите знаеме дека тој е извонреден играч, сметаме дека може да биде многу влијателен за нас.
– Сепак, мора да продолжи да работи, не смее да застане сега. Со напорна работа ќе продолжи да се мотивира. Навистина уживав во ова реми, посебно поради него. Сметам дека ќе излезе многу посилен од ова. Тој е на вистинскиот пат, но мора да продолжи да работи. Мора уште повеќе да работи и да ни помогне да ги оствариме нашите цели, – изјави Тен Хаг.
-
Шпанијапред 21 час
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Ел Класико“ пикантерии: Винисиус имал порака за Араухо по среќниот гол, Модриќ изустил два збора по поништениот гол од ВАР (Видео)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик