Поврзете се со нас

Англија

Тејлор Свифт сакала да го купи најстариот фудбалски клуб, доби провокативен одговор од газдите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Official_NCFC

Големата музичка ѕвезда Тејлор Свифт добила јасно „не“ од сопствениците на англискиот клуб Нотс Каунти, за која таа изразила подготвеност да стане нов сопственик.

Американската пејачка се заинтересирала за најстариот фудбалски клуб во светот, кој во моментов настапува во Лига 2, односно во четвртата англиска лига и сакала да го следи примерот на Рајан Рејнолдс, кој веќе некое време е сопственик на Врексам, клуб кој исто така е дел од четвртата лига во моментов.

Сопственици на клубот се данските бизнисмени, браќата Александер и Кристофер Риц, а тие решиле да и одговорат на Свифт со провокативно соопштение, во кое потврдуваат дека не планираат да се откажат од менаџирањето на „црно-белите“ од Нотингем.

– Иако ни е жал што ќе мораме да ги разочараме сите „свифтис“ во нашата фан база, мора да ја демантираме оваа приказна.

– Дефинитивно нема зла крв меѓу нас и Тејлор, но не планираме да се откажеме од клубот во вака возбудливи времиња за него. Во нејзина чест утре ќе биде пуштена една песна од нејзиниот нов албум пред почетокот на натпреварот, – напишале браќата Риц во несекојдневното соопштение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни