Поврзете се со нас

Репрезентација

Талески: Критиките се добредојдени, мора да ги решиме „бубачките“ во главата

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација не се прослави на Светското првенство во Египет каде на шесте натпревари забележа само една победа и тоа против аутсајдерот Чиле.

Поради изданијата на нашиот тим имаше доста критики во јавноста, а меѓу оние по кои најмногу се фрлаше со „дрва и камења“ беше бекот Филип Талески. Талески требаше да биде еден од лидерите, меѓутоа не успеа да се наметне, да одигра на посакуваното ниво како во одбраната така и во нападот.

Ракометарот на Вардар е свесен дека можел да биде многу подобар, прифаќа дел од критиките, ама воедно смета оти некогаш се премногу лични.

-Дојде време ние младите да преземеме одговорност. Мора прво да се поклопат коцките, мора да ги решиме „бубачките“ во нашите глави за да дојде денот да ја водиме репрезентацијата. Критиките се добредојдени, ама некогаш се премногу лични.

-Повеќе од јаасно е дека ракометот е спорт еден во Македонија и луѓето очекуваат одлични резултати од нас. Секап луѓето не се запознаени каква е хемијата во репрезентацијата.  Една е сликата однадвор, друга одвнатре и како ние функционираме. Македонија повтоно ќе биде повторно горда на ракометарите. Имаме светла иднина, -истакна бекот за МТВ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни