Македонија
Талентираниот Андоноски „скокна“ во првата екипа на МЗТ Скопје

Најдобриот македонски кошаркарски колектив, МЗТ Скопје продолжува да го гради составот за натпреварувачката 2022/2023 во која клубот од Аеродром ќе има многу предизвици како на домашната така и на меѓународнаат сцена каде ќе настапува во најсилната АБА лига.
Најнов член на „металците“ е талентираниот Андреј Андоноски кој ќе го носи „сино-белиот“ дрес до 2025 година со можност за продолжување на соработката. Андоноски доаѓа од втората екипа на МЗТ или поточн прави скок во кариерата и ќе настапува во најсилниот тим предводен од Александар Петровиќ.
Андреј иако има 20 години веќе има собрано и пет настапи за сениорската репрезентација на Македонија, а претходно беше еден од лидерите на кадетската, јуниорската и на младинската репрезентација со која летово настапи на Европското првенство-дивизија Б во Тбилиси.
МЗТ во моментов ги има на располагање уште Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, Страхиња Миќовиќ, а тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Светпред 17 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците