Поврзете се со нас

Италија

Супер натпревар со шест погодоци во Торино, Јувентус се подалеку од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипите на Јувентус и Аталанта одиграа одличен натпревар на „Алијанц Стадионот“ во Торино на кој паднаа дури шест погодоци.

На крајот конечниот резултат беше 3:3, а позадоволни од исходот можат да бидат гостите кои остануваат во игра за пласман во Лигата на шампионите.

Натпреварот почна лошо за Јувенутс затоа што уште во 4. минута Лукман ја затресе мрежата на Војчех Шчесни. Избраниците на Алегри, се „отрезнија“ по раниот шок па преку Ди Марија и Милик направија пресврт и на полувреме заминаа со предност.

Сепак, на стартот на вториот дел, Аталанта повторно го врати водството откако Маеле и Лукман во краток период два пати ја тресеа мрежата на домаќинот.  Конечниот резултат на крај го постави Данило со гол во 66.минута од средбата.

Јувентус со овој бод сега заостанува дури 14 бодови во однос на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите и единствен начин за пласман во најелитното европско натпреварување ќе им биде преку освојување на Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни