Поврзете се со нас

Репрезентација

Супер гол на новиот македонски репрезентативец (Видео)

Објавено

на

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски за последните два квалификациски натпревари за Светското првенство против Исланд и Ерменија во составот го повика и дебитантот Валон Етеми.

Станува збор за офанзивен фудбалер кој игра во турскиот второлигаш Истанбулспор кој треба да донесе дополнителен квалитет во националниот табор.

Дека станува збор за квалитетен фудбалер говорат и неговите бројки оваа сезона во втората по ранг турска лига.

На денешниот натпревар против Менемеспор, Етеми постигна убав погодок по соло продор за водство на неговиот тим од 1:0.

Етеми во досегашната сезона на 11 натпревари за Истанбулспор постигна еден погодок и запиша четири асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни