Поврзете се со нас

Конференциска лига

Судот за спортска арбитража ја коригираше УЕФА и ја поправи неправдата која ја доживеа Осасуна (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Osasuna

Фудбалскиот клуб Осасуна загуби две правни битки со УЕФА и остана без европски фудбал за наредната сезона, но сепак водечките луѓе на „црвените“ беа упорни во намерата да истераат правда и го добија случајот благодарение на третата и завршница истанца.

Осасуна беше казнета со одземено место во Европа поради коруптивни скандали во клубот со местени натпревари кои се случиле пред десет години, а актуелното раководство тоа го прифати како голема неправда, бидејќи ниту еден активен член немал никаква врска со тие случувања.

Поради нанесената неправда, клубот од Памплона достави жалба и до Судот за спортска арбитража од Лозана, откаде денеска пристигна позитивен одговор за сите кои ја сакаат Осасуна.

„Црвените“ сепак ќе уживаат во она за што се изборија на теренот, односно ќе бидат дел од новото издание на Конференциската лига.

– Клубот Атлетико Осасуна ќе игра во Конференциската лига 2023/24, откако денеска заврши постапката пред Судот за спортска арбитража. Со оглед на новите докази што ги обезбеди клубот во одбрана на своето учество во натпреварувањето, УЕФА заклучи дека Осасуна била жртва на настаните што се случија пред речиси една деценија и ја вреднуваше иницијативата спроведена од институцијата за нивно разјаснување. Следствено, УЕФА ја смета Осасуна погодна за учество на ова издание на европското натпреварување, – гласи објавата на Осасуна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни