Поврзете се со нас

Италија

Судот одлучи: На Јувентус ќе му бидат одземени 15 бода, следи вртоглав пад на табелата!

Објавено

на

Федералниот апелационен суд во Италија го прифати барањето на обвинителот на Италијанската Фудбалска Федерација и оваа вечер изрече казна која ги фрли во очај навивачите на Јувентус.

Клубот од Торино заработи жестока казна за малверзацијата со пари и прикривање на суми од трансфери и договори од гарнитурата предводена од Андреа Ањели, па фалсификувањето на документи ќе биде платено со одеземени 15 бода на првенствената табела.

Федералниот суд ја донесе оваа одлука по официјалниот допис кој денеска го испрати Џузепе Чине, спортскиот обвинител од Италијанската Фудбалска Федерација кој имаше неколку барања.

Тој побара експресна суспензија за Ањели, Паратичи, Черубини и Недвед, но предложи дека Јувентус треба да биде казнет и со одземање на девет бодови.

Наместо девет, Федералниот судија процени дека казната треба да биде поостра, па Јувентус е казнет со одземање на 15 бодови на првенствената табела во Серија А. Истовремено, потврдени се казните на поранешните директори во клубот (30 месеци суспензија за Паратичи, 24 месеци за Ањели и Аривабене, 16 месеци за Черубини, 8 месеци за Недвед, Гаримберти, Велано, Вениер, Хјуз, Марилунго и Ронкалјо).

Кога ќе биде искалкулирана новата ситуција, Јуве по ново ќе има 22 поени и ќе биде на делба на 10-то место во Калчо лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни