Поврзете се со нас

Шпанија

Студот ве тера на луди иновации: Жоао Феликс се топлеше со електрична греалка на трибините на „Ванда“ (Видео)

Објавено

на

Условите за игра на „Ванда Метрополитано“ кога е дренажата во прашање се фантастични, но сепак необично студеното време во шпанската престолнина очигледно им прави проблем на играчите кои не се навикнати на толку ладни услови.

Токму тројца играчи на Атлетико вчера стана вирален хит со превозното средство со кое дојдоа на тренинг во снежни услови во Мадрид, но вечерва, видовме уште една урнебесна сцена на трибините која повторно го привлече вниманието на јавноста.

Поради Ковид протоколите, сега се користат и дел од трибините како клупа за резерви, но Жоао Феликс и Жофри Кондогбија отидоа дури до ВИП ложата, а таму добија специјален третман, односно несекојдневно загревање во обид да се справат со студот.

Двајцата користеа собен велосипед за да подзаборават на студот во ситуација кога дербито меѓу Атлетико и Севилја се игра на минус три целзиусови степени, а Жоао Феликс кој е научен на топло време во Португалија и Шпанија, користеше и електрична греалка.

Оваа урнебесна сцена ја видовме во првото полувреме од големото дерби на „Ванда“, кое инаку заврши со минимална предност на Атлетико од 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни