Зимски спортови
Страотен пад на норвешки ски-скокач на Планица: Танде во индуктивна кома (Видео)

Страшен инцидент се случи на вчерашните ски-скокови на легендарната скокалница Планица. Норвешкиот ски-сккач, Даниел Андре Танде панда при голема брзина и заработи тешки повреди.
Веднаш откако се одвои од мостот со брзина од над 100 км/ч, Танде изгуби контрола и се струполи околу сто метра од скокалната.
Ски-скокачот во бесвесна состојба веднаш беше префрлен во болницата во Љубљана од каде објавија дека тој е ставен во индуктивна кома.
– Даниел е примен во болница без свест, мораше да го интубираме и да го ставиме на респиратор. Бидејќи состојбата му се стабилизира, со хеликоптер беше транспортиран во Универзитетската клиника во Љубљана. Првите тестови се ветувачки, а сега мора да чекаме 24 часа па ќе ги повториме тестирањата, -кратко одговори докторот Томислав Мирковиќ, задолжен за скокачите на Планица.
Од норвешиот табор се заблагодарија на лекарите за брзата интервенција и посочија дека Даниел Андре Танде не е во животна опасност. Според првичните неофицијални информации, Танде ја скршил клучната коска, а при падот ги повредил и белите дробови. Во моментов тој е во индуктивна кома во која ќе остане следните три дена.
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен
-
Францијапред 23 часа
ПСЖ ја потврди разделбата со еден од најискусните фудбалери
-
Англијапред 4 часа
Конте си крева на цена: Да ми речеше Леви дека сака да играме во Лигата на шампионите..
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас: Не гледам како Барселона може да си го дозволи Левандовски
-
НБАпред 12 часа
Далас испушти плус 19, Кари ги прати Дончиќ и соиграчите на спиење (Видео)
-
Светпред 11 часа
Познат шпански експерт: Перез ја соопштил конечната одлука на Мбапе пред играчите на Реал
-
НБАпред 9 часа
Уникатна сцена: „Џинот“ Шек го користи Реџи Милер како замена за тегови во теретана (Видео)