Поврзете се со нас

Репрезентација

Стојановиќ селектираше играчи за турнирот во Германија (ФОТО)

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација од генерацијата 2004 и помлади ќе настапи на турнир во Германија на крајот на овој месец, па селектор Раде Стојановиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овој предизвик.

„„Шпаркасен Купот“ во Германија се игра од 27 до 29 декември, а нашата селекција е во групата Б заедно со домаќинот, плус Холандија и Австрија.

Натпреварите на претстојниот куп се играат 2 полувремиња по 25 минути со 5 минути пауза. Првиот натпревар на репрезентацијата е на 27.12 во 16:00 часот против репрезентацијата на Австија, а на 28.12 нашите репрезентативци ќе одиграат два натпревара против Германија во 11:20 часот, и потоа против Холандија во 16:40 часот.

Во зависност од пласманот во групата на 29.12 ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни