Поврзете се со нас

Македонија

Стоилов: Јас го доживеав најубавото со Вардар, сега е време за напорна работа

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkvardar

Столе Стоилов ќе има двојна улога во новиот проект на Вардар, односно ќе биде главен координатор на сите младински категории во клубот, но и помошник тренер на Владо Недановски.

Легендарниот капитен на Вардар реши да стави крај на кариерата и се повлекува од професионалното играње ракомет, но останува во клубот кој е во неговото срце и следна мисија ќе му биде да го врати на вистинскиот пат.

– Кога зборувате последен, веќе се е кажано. Сакам да ви се заблагодарам на големиот број присутни новинари, на „Комитите“, како и на луѓето кои се со мене на масава. Сите кои сме тука го сакаме Вардар, а мене тоа ми е најважно, ќе работам со луѓе кои го сакаат и кои му мислат добро на Вардар.

– Јас низ годиниве го доживеав најубавото со Вардар и знам како сум се чувствувал во тие моменти. За жал, последниве години не можевме да уживаме во тоа, Вардар беше оставен сам на себе, останавме без ветена помош, а имаше и многу опструкции. Сега со Борко ќе имаме други улоги, едно е кога сте на терен, а друго од оваа позиција. Ќе имаме повеќе време за да ги видиме проблемите.

– Сакаме да го вратиме Вардар кадешто му е местото, Вардар е шампион на Македонија и првак во Лигата на шампионите. Нема да брзаме, ќе одиме чекор по чекор и со напорна работа да го вратиме клубот кадешто припаѓа. Годинава ќе бидам и координатор во младинските категории, изминативе години се запоставија овие тимови и сакаме тој пропуст да го поправиме. Имаше многу пропусти низ годините, знаете дека кога целиот тим е разнишан, се запоставуваат и младинските категории. Сакаме да го смениме тоа, да работиме со младите и да се врати нашата школа. Ракометот долго време беше спорт број еден во земјава и многу деца сакаат да играат ракомет. Младинските школи се подготовка за она што ве чека во првиот тим, така се работи во сите најголеми клубови и така треба да работиме и ние, – изјави Стоилов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни