Поврзете се со нас

ВТА

Стоилковска немаше сили за полуфинале во Египет

Објавено

на

foto: www.mtftennis.mk/

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска не успеа да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на ИТФ фјучерсот во Шарм Ел Шеик (Египет).

Стоилковска имаше навистина добри изданија изминативе денови, ги мина квалификациите, потоа забележа и две победи во главниот ждреб, меѓутоа денеска немаше решение за 25-годишната Дарија Кучер од Полска.

Кучер освои 18 поени повеќе од Македонката, постојано беше во позиција да и го загрози сервисот (4/12), додека Магдалена на целиот меч имаше само една брејк шанса.

Дарија славеше со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-2  за точно 1 час и 42 минути на теренот број еден.

Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни