Поврзете се со нас

Англија

Стигна официјална потврда: Антони е нов играч на Јунајтед!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и официјално го добива засилувањето на кое толку инсистираше и за кое притискаше, а тоа е бразилскиот репрезентативец Антони.

Премиерлигашот потврди дека клубот постигнал договор со Ајакс за реализација на трансферот при што не објави бројки за зделката, но медиумите од претходно информираа дека истата ќе биде 100 милиони евра со бонуси.

Со ова се става крај на една сага, драма која долго траеше, Ајакс не сакаше да се откаже од офанзивецот и Јунајтед мораше да даде се од себе, убаво да ја испразни касата за да се реализира оваа операција.

Антони доаѓа на „Олд Трафорд“ по две години минати во холандскиот великан за кој на 134 мечеви даде 31 гол и запиша 27 асистенции.

Договорот според информациите е до 2027 година со опција за уште една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни