Поврзете се со нас

НБА

„Стариот“ Леброн „испука“ 48 поени против Хјустон, му остана само уште еден тим за комплетирање на „клубот 40+“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Лос Анџелес Лејкерс ја запиша 20 сезонска победа во НБА лигата, а за тоа најзаслужен беше ветеранот Леброн Џејмс.

Составот од Калифорнија го надигра Хјустон Рокетс со 140-132 и тоа во дуел во кој „кралот“ имаше страшен учинок од 48 поени, 8 скока и 9 асистенции. Со ова Џејмс го запиша Хјустон во „нотесот“ на екипи против кои има дадено 40+кошеви во својата НБА кариера, односно сега му останува само уште еден тим за да го комплетира тој „клуб“-тоа е градскиот ривал ЛА Клиперс.

Ова издание на Леброн воедно беше одговор на „провокацијата“ на младиот Џабари Смит Џуниор кој пред почетокот на мечот имаше еден интересен разговор со ѕвездата на која му порача дека неговиот татко играл против него на самиот старт на кариерата.

-Зошто тоа ми го каже-рече Џејмс по што членот на Хјустон му порача дека сигурно се чувствува старо.

Кога се во прашање стрелците добар беше и Вестбрук со 24 поени, 5 скока и 4 асистенции, додека кај поразените центарот Шенгун се претстави во најдобро светло со 33 кошеви и 15 скокови.

Резултати:
Шарлот – Бостон 118:130
Милвоки – Индијана 132:119
Кливленд – Њу Орлеанс 113:103
Вашингтон – Голден Стејт 118:127
Атланта – Мајами 121:113
Нујорк – Торонто 121:123
Минесота – Јута 125:126
Мемфис – Финикс 136:106
ЛА Лејкерс – Хјустон 140:132

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни