Поврзете се со нас

Конференциска лига

Стариот формат станува минато: УЕФА објасни како ќе изгледа новата фудбалска ера во Европа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RedBullSalzburg

Тоа што се најавуваше три години наназад, денеска доби официјална потврда од УЕФА, а Европската фудбалска асоцијација сега накратко објасни како ќе изгледаат европските натпреварувања во следната натпреварувача сезона.

Сезоната 2024/25 ќе донесе голема промена во форматот кој досега се применуваше од 1992-ра годинам, па наместо традиционалната групна фаза со осум групи и четири екипи во секоја, сега ќе гледаме таканаречен „швајцарски систем“.

Новиот формат ќе се применува во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, со тоа што во првите две натпреарвувања ќе има идентичен систем, а во третото малку изменет.

Наместо досегашните 32 тима, отсега во европските натпреварувања ќе има 36 тима и истите ќе бидат распределени во четири квалитативни групи, а секој тим ќе добие по два противника од секоја.

Во Лигата на шампионите и Лигата на Еврорпа ќе се играат по четири натпревари на домашен и гостински терен и секој тим ќе одигра против осум ривали, додека во Конференциската лига еден тим ќе игра против шест противници.

Најдобрите осум тима се пласираат директно во осминафиналето, а тимовите од 9-та до 24-та позиција ќе играат бараж за пласман меѓу 16-те најдобри. Во нокаут фазата нема да има промени и форматот останува ист, па така ќе се играат по два натпревари од осмина до полуфиналето, а големото финале ќе се одлучува на еден меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни