Поврзете се со нас

АТП

Србљак со нова сигурна победа до главниот турнир на фјучрсот во Анталија

Објавено

на

Македонскиот тениски ас, Горазд Србљак ги мина квалификациите и обезбеди место во главната фаза на фјучрсот во Анталија.

Србљак покажа квалитет и запиша уште една сигурна победа во два сета и тоа овојпат против Фернандо Кавалјо од Аргентина. На нашиот рекет му беа потребни точно час и половина да се справи со јужноамерикаенцот и тоа со 6-2 6-3.

Со ова Србљак ќе игра на главниот турнир каде за прв ривал ќе го има Стијн Слумп од Холандија кој е на 813 место на АТП листата.

Турнирот во Турција се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни