Поврзете се со нас

Млади спортисти

Спортските легенди Перо Антиќ и Игор Стефановски Иџе, се бренд амбасадори на Видеолотарија и во 2024 година

Објавено

на

На прес-конференција, Видеолотарија Касинос Австрија ги претстави своите амбасадори за 2024 година, со кои ја продолжува својата пракса за поддршка на спортот и најдобрите спортисти од Македонија. Најдобрите се секогаш заедно. Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ и автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, се наши бренд амбасадори

Годинава бележиме еден убав јубилеј, десет години од постоењето на компанијата. Во овој период, со гордост можеме да кажеме дека заедно со Иџе растевме и се искачувавме до успехот.

Со Видеолотарија сме заедно веќе 10 години и јас сум многу задоволен што го препознаа мојот потенцијал, па со години заедно го градиме успехот. Еве и сега, верувам, заедно ќе се радуваме на мојот нов предизвик во новата сезона, која ќе почне на 26 и 28 април во Австрија, сподели Игор Стефановски Иџе. Многу сум благодарен што пред 10 години, безрезервно застанаа зад мене и почнавме заеднички да се радуваме на нашите успеси, тие на моите, јас на нивните. Ова е компанија која ја почитува лојалноста, а тоа е многу важно кога сакате да градите успешна кариера, додаде Иџе.

Со претседателот на КФСМ, Перо Антиќ персонално, Видеолотарија Касинос Австрија соработката ја започна минатата година, иако претходно веќе соработувавме со него на извесен начин, на ниво на федерација. Задоволни сме од неговиот професионален однос и веруваме дека и во иднина, ќе можеме заедно да креираме позитивни промени.

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ изрази благодарност што Виделотарија веќе втора година му ја доверува улогата на бренд амбасадор и што активно придонесуваат за развој на спортот.

Под мотото „Играј со најдобрите“ Видеолотарија Касинос Австрија, ќе продолжи да ги негува нашите заложби за поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти и во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни