Поврзете се со нас

Боречки спортови

Спектакл во Лас Вегас: Фјури два пати беше пред нокаут, па го патосираше Вајлдер (Видео)

Објавено

на

Како и што се очекуваше, спектакуларна борба во Лас Вегас понудија Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер кои цели 11 рунди одработија одличен бокс меч во кој уживаа сите фанови на боречките спортови.

Британецот Фјури на крајот ја однесе победата и ја одбрани титулата во ВБЦ тешка категорија, нокаутирајќи го својот противник во 11 рунда.

Популарниот „Џипси Кинг“ стигна до 31. победа во кариерата во која има само едно реми и тоа со денешниот противник, и нема ниту еден пораз во про рингот.

Ова беше трет меѓусебен натпревар меѓу Фјури и Вајлдер, во првиот во 2018 година натпреварот заврши со реми, потоа во 2020 година Фјури славеше по прекин, а сега на најдобар можен начин, со директен нокаут.

Фјури беше доминантен во текот на целата борба, но во четвртата рунда можеше да биде завршен мечот затоа што Вајлдер на два пати успеа да го собори на подот. Сепак, 206 сантиметри високиот Фјури не се предаде и до крајот доминираше во рингот.

Доминацијата се заврши со нокаут во 11 рунда откако Вајлдер веќе не можеше да ги издржи налетите на Фјури.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни