Поврзете се со нас

Италија

Спалети се соочува со „модерен проблем“: Дел од моите играчи се зависни од плејстешн

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Лучијано Спалети на денешниот прес говореше за немилата расистичка ситуација која ја потресе италијанската репрезентација, но предводниот на „аѕурите“ ја најавил и мини-турнејата во Америка на која италијанските фудбалери ќе се подготвуваат за Европското првенство.

Двата тест натпревари против Еквадор и Венецуела ќе му дадат добри одговори на Спалети за тоа во каква форма се дел од фудбалерите, за кои тој смета дека треба да учат од легенди како што се Фабио Канаваро и Џорџо Кјелини.

– Одиме во Америка и таму ќе сретнеме добро познати лица. Мило ми е што во САД ќе бидат и Фабио Канаваро и Џорџо Кјелини, нивниот професионализам е нешто што треба да го учат дел од моите фудбалери.

– Има некои играчи кои доаѓаат на собирите и кои по цела вечер играа плејстејшн. Наместо да спијат, тие цела вечер играат плејстејшн, зависни се од конзолата за видео игри.

– Некои го правеа тоа и вечерта пред мечот со Украина кој одлучуваше за нашиот пласман на Европско првенство. Да се биде репрезентативец значи да бидете одговорен 24 часа, 2 часа на теренот, но и 22 часа после тоа. Не ми е важно што прават во слободно време, но во одредено време мора да се во кревет. На Европското првенство ќе имаме заеднички простор за дружење и таму ќе има игрици, но половина час после полноќ, сите ќе мора да бидат во кревет, – најавува Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни