Поврзете се со нас

Италија

Спалети по победата над Салернитана: Ваква шанса не се пропушта

Објавено

на

Екипата на Наполи ја победи Салернитана со 2:0 и така ја одржа високата разлика во однос на конкурентите за титулата во Серија А.

Клубот од Неапол долго време го чека Скудетото во своите витрини, а оваа година се поблиску од кога и да е до вредниот трофеј кој ќе донесе вистинска ерупција од возбудувања во градот.

Италијанскиот шампионат е точно на половина, а Наполи е на плус 12 во однос на второпласираниот Милан кој има и натпревар помалку, што секако е огромна разлика која „наполитанците“ ги става во пол- позиција за освојување на титулата.

За тоа е свесен и самиот Спалети кој по натпреварот со Салернитана истакна дека ваква прилика не се повторува.

– Ние знаеме дека ова е прилика која не се повторува. Мора да се однесуваме во склад со тоа. Ставот мора да е таков и не смееме да ги пропуштаме приликите к ои ги добиваме.

– Секогаш се обидуваме да играме фудбал така што ќе останеме скромни и ќе работиме професионално. Се надевам така ќе остане и во иднина, -изјави Лучијано Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни