Поврзете се со нас

Италија

Спалети: Мораме да поправиме една работа

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија иако имаше проблеми успеа да слави над Венецуела со 2-1 на пријателската средба која се одигра на Флорида.

Ретеги беше автор на двата гола од кои оној победничкиот дојде во 80 минута. Селекторот Лучијано Спалети проба неколку формации на овој дуел (3-4-2-1, 4-3-3) и генерално е задоволен од прикажаното на неговите избраници.

-Мислам дека направивме добри работи, но понекогаш бевме меки. Кога правиме грешки како онаа што доведе до пенал, да се зборува за системи е бесмислено. Настапот беше добар и со одбрана од тројца и со 4-3-3, -рече Спалети кој посочи што мора да биде корегирано.

-Ништо што правиме не е случајнно во однос на начинот на кој работиме. Работиме да му дадеме насока и идеја на тимот. Секако, во однос на силата и физичкото влијание, мора да дадеме нешто повеќе бидејќи понекогаш сме површни. Без разлика на системот. Пред сè, треба да ја поправиме оваа работа. Тоа е почетна точка. Потоа можеме да зборуваме за останатото, -порача искусниот стартег.

Италијанеците на 24 март ќе одиграа уште еден пријателски меч и тоа против Еквадор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни