Поврзете се со нас

Македонија

Спахиу со убав погодок му пресуди на Вардар, шампионот победнички во Штип

Објавено

на

Фудбалерите на Тиквеш изборија победа над Вардар од 1-0 во еден од најинтересните натпревари од денешната рунда во Првата македонска лига.

Пред преполни трибини во Кавадарци домаќините успеаа да дојдат до трите бода иако најголемиот дел од второто полувреме го играа со играч помалку, поточно без исклучениот Карчески. Меѓутоа и со десетмина на теренот Тиквеш беше подобар, поконретен противник и заслужено дојде до триумф кој со убав гол од далечина го обезбеди Спахиу во 77 минута.

Шампионот Струга Трим Љум пак успеа да го освои Штип, поточно да биде подобра од Брегалница со 3-1 во средба во која освен четири гола имаше и три црвени картони.

Бојки, Ибраими и Ефионг погодија за стружани, додека единствениот гол за домаќините беше дело на Калпачки.

На другите дуели од 7. коло славеа домаќините, Македонија Ѓорче Петров го реши Гостивар со 3-0, Работнички ја надигра Воска Спорт со 2-0, а пак Силекс направи мало изненадување и ја доби Шкендија со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни