Поврзете се со нас

Светски првенства

Сопругата на Ди Марија обелодени каква точна прогноза имал Анхел пред големото финале на СП (Фото)

Објавено

на

Анхел Ди Марија одново беше клучен на едно големо финале кое го одигра Аргентина, бидејќи по погодоците кои ги постигна на Копа Америка и Финалисима, искусниот крилен фудбалер погоди и на завршниот меч на Светското првенство.

Ди Марија беше вистинска напаст за француската одбрана додека беше на теренот и излезе при резултат 2:0, но потоа со многу емоции и солзи мораше да страда на клупата за резерви и да се надева на посакувана разврска.

На крајот, солзите се претворија во радосници и неговите соиграчи излегоа поуспешни во пенал рулетот, но два дена по финалето, интересно е да се нагласи дека Ди Марија бил максимално убеден дека е дојдено време за светска титула на „гаучосите“.

Тоа го откри неговата сопруга, која на фудбалските фанови им ја сподели комуникацијата која ја имала со својот сакан на еден ден пред финалето во Катар.

– Ќе излезам како светски шампион љубов моја. Тоа е напишано за нас. Ќе станам светски првак и ќе постигнам гол. Тоа е напишано на небото како што постигнав голови на „Маракана“ и „Вембли“, – гласи пораката на Ди Марија, по што неговата сопруга му порачала „не знам што да ти кажам“.

– Не мора да кажеш ништо. Дојди и уживај утре, бидејќи ние ќе бидеме светски шампиони. Сите 26 кои сме тука го заслужуваме тоа и секој член од нашите семејства го заслужува тоа, – порачал Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни