Поврзете се со нас

Англија

Солскјер: Уживам во критиките, не сакам со никого да се карам

Објавено

на

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед е пред нов тест во Лигата на шампионите и тоа во Италија каде ќе ги одмере силите со Аталанта.

„Црвените ѓаволи“ на средбата на „Олд Трафорд“ дојдоа до драматичен триумф со голем пресврт во второто полувреме, па сега желбата е да се дојде до уште еден триумф кој воедно би бил одлична најава за престојното дерби против Манчестер Сити кое е на програмата наредниов викенд.

-Целиот фокус е на овој натпревар. Потоа ќе се навратиме на она што доаѓа по дербито на Манчестер. Знаеме дека ќе биде тешко, но сме подготвени. Во добра позиција сме во групата затоа што славевме на домашен терен, но треба да дојдеме до посакуваниот резултат на гостински терен. Не можам да ви го откријам планот за игра или тактиката, но имаме тим кој може да игра на многу начини. Во саботата квалитетот беше поважен од системот во кој игравме, -рече Солскјер кој во изминатиов период доби многу критики особено по дебаклот со Ливерпул.

-Поради критиките, можете да се сомневате во себе или да се залагате за себе. Секогаш сум уживал. Сите ние имаме различни работни места, нивна работа е да го дадат своето мислење. Не сакам да се карам со никого, -заклучи Норвежанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни