Поврзете се со нас

Лига Европа

Солскјер: Ни недостасуваа двајца лидери во финалето

Објавено

на

Оле Гунар Солскјер доживеа уште едно огромно разочарување како менаџер на Манчестер Јунајтед, бидејќи тоа што го најавуваше како натпревар кој треба да означи старт на една убава фудбалска приказна, се претвори во кошмарна ноќ за него и неговите фудбалери.

Тимот кој заврши втор на табелата во Премиер лигата влезе како голем фаворит во финалето против Вилјареал кој заврши седми во Ла Лига, но ваквата улога не ја оправда на теренот во регуларните 90 минути, но ниту во дополнителните 30 минути игра и во пенал рулетот.

Шпанскиот состав за првпат во својата историја освои еден трофеј и направи првото финале од постоењето на клубот да биде вечно паметено, а во ситуација кога на големо се слави во предградието во Валенсија, јасно е дека разочарувањето во црвениот дел од Манчестер е навистина големо.

Солскјер како менаџер на тимот треба да преземе голема одговорност, а тој беше првиот кој се појави пред новинарите по епскиот пенал рулет во кој видовме дури 22 пенали, а во кој трагичар беше Давид Де Хеа со својата утка.

– Навистина е тивко во соблекувалната, сите се разочарани. Таков е фудбалот, знае да биде суров, некогаш решава еден удар и тоа ја прави главната разлика. Мораме да го почувствуваме ова лош и горчлив вкус, да видиме каков е, а потоа никогаш повеќе да не го вкусиме. Едноставно не се појавивме на теренот кога најмногу требаше. Почнавме добро, но тие дадоа први гол со првиот шут кон голот.

– Сега не е време да се вперува прстот и да се бара што сум можел да направам поинаку. Сепак, останува фактот дека нешто не е добро кога се враќаме без трофеј во Манчестер. Ние сме се поблиску и поблиску, бевме на еден удар од победа, но мора да се вратиме и да бидеме подобри следната сезона. За да имате добра сезона, мора да победувате во финалиња. Затоа, оваа сезона не е успешна за нас. Вечерва ни недостасуваа двајца лидери во тимот, Фред и Мегваер. Сега не е време да ја анализираме цела сезона, ќе го направиме тоа понатака, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни