Поврзете се со нас

Свет

„Случајот Робињо“ се префрли во Бразил: Да бев белец, немаше да бидам претставен како монструм

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/robinho

Робињо беше голема фудбалска ѕвезда и ги бранеше боите на великани како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, но етапата која ја имаше во Италија беше одбележана и од еден скандал кој достигна гигантски размери.

Бразилецот мина четири години во Милано пред да се врати во родната земја, а откако го направи тоа, од далечина ја дозна пресудата со која му се изрече деветгодишна завторска казна.

Врхивниот суд во Италија одреди деветгодишна казна за напаѓачот поради групно силување на албанска државјанка, па иако оваа пресуда беше изречена уште пред неколку години, Робињо нема одлежано ниту еден ден.

Причина за тоа е фактот што Италија и Бразил немаат постигнато договор за екстрадиција, но сега сите докази се префрлени во Бразил и врховниот суд од оваа земја ќе му суди на својот државјанин.

Фудбалската ѕвезда одработи интервју по тој повод и нагласи дека е невин во целата драматична ситуација, па искрено верува дека судот во неговата земја ќе донесе вистинска одлука.

– Во Италија бев неправедно осуден за нешто што не го направив и имам докази за тоа. Играв четири години во Италија и се изморив од приказната за расизам. За жал, расизмот во Италија е присутен и ден денеска. Тоа се случи во 2013-та година, а сега сме 2024-та година. Истите тие луѓе не прават ништо против расизмот, луѓето кои ме осудија, не прават ништо против расизмот. Да беше во прашање белец, сигурен сум дека ќе беше поинаку за мене, – вели Робињо.

– Се надевам дека тука во Бразил ќе го имам гласот кој го немав во странство. Имам докази, но тие не беа важни за Италијанците. Јас не сум монструмот кој бев претставен во јавноста, – потенцира Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни