Поврзете се со нас

Европски првенства

Скариоло по новата титула со Шпанија: Пред 11 години возев Ферари, а сега Ред Бул

Објавено

на

Шпанија повторно е број еден во Европа и тоа откако со стил го победи вечниот ривал Франција (88-76) во финалето во Берлин.

Огромна заслуга, ако не и најголема за овој резултат има фантастичниот италијански стратег, Серџо Скариоло кој покрај сите проблеми, откажувања, повреди, смена на генерација успеа да направи нова победничка група која на Шпанија и го донесе четвртото злато на овие турнири.

-Лесно е да се каже дека сме пресреќни што сме шампиони. На турнирот влеговме како осми кандидат за златото според официјалните прогнози. На турнирот влеговме без МВП играчи, НБА суперѕвезди, Ол Стар играчи… Многу сум среќен што успеавме сите да ги победиме и да ја прескокнеме конкуренцијата. Вили (Ернангомес) и јас зборувавме дека тој мора да не води, да биде лидер, да игра одлична кошарка, како што тоа го правеше целиот тим. И тој слушаше. Многу сум задоволен од начинот на кој игравме кошарка во двата правци.

-Сите проблеми што ги имавме пред турнирот не направија посилни. Трпение, како тим ги надминавме тешките моменти, не правевме индивидуални акции, бевме цврсти во одбраната, играчите ме слушаа од првиот ден, променивме некои работи во текот на турнирот, како што Хуанчо го преместивме од тројка на четворка. Тоа не направи сите нас многу ефикасен тим на двата краја на теренот и горд сум на тоа,-рече Скариоло кој од медиумите беше вратен назад во 2011 година кога и се заблагодари на федерацијата што му дозволила да вози Ферари.

Тој беше запрашан каква е сега оваа генерација, односна ако таа била Ферари што е оваа.

-Ред Бул (се смее) Сега е сосема поинаку. Можеби оваа година бев поагресивен, ми дозволија да возам побрзо, да додадам гас бидејќи на играчите не им пречеше. Не можев да го направам тоа со таа генерација. Како тренер треба да се адаптираш. Кога минатата сезона го освоив Еврокупот со Виртус, реков дека тоа е сосема поинаков тим од се што сум работел. Така е и со Шпанија. Затоа што некои работи треба да ги зголемиш, некои да намалиш за да создадеш резултат, -заврши Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни