Поврзете се со нас

Македонија

Сисе ќе биде задолжен за голови во Брера Струмица

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Академија Пандев Брера Струмица официјализираше уште едно засилување пред почетокот на новата сезона во најсилната домашна фудбалска конкуренција.

Се работи за Папе Оумар Сисе кој во новата средина доаѓа од италијанскиот клуб Авецано каде на 28 натпревари имаше учинок од  4 гола и 5 асистенции.

Сенегалецот ги одработи подготовките со клубот и се очекува да биде квалитетна опција во напаѓачката линија.

Кога е во прашање тимот од Струмица тој претходно се засили со Стефан Наумчевски, Александар Ристевски,Андреј Аризанкоски, Салвадоре Рибаудо и Леонардо Антонио. Продолжени беа пак договорите со младите Ѓеоргије Јанкулов и Мартин Ѓоргиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни