Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Сипковски блесна и ја закомплицира борбата за титулата во снукер

Објавено

на

Снукер асоцијацијата го одржа вториот турнир од државното првенство, на кој се појавија 18 играчи што повторно понудија врвен спортски спектакл.

Во групната фаза имаше пријатни изненадувања, па така Ѓурчиновски се најде во полуфиналето, а уште еден билијард играч, Јовановски, обезбеди пласман во елиминациските мечеви.

Младиот Берат Јашари од Куманово кој направи сензација со освојување на првиот турнир, докажа дека триумфот не бил случаен, па со победите врз Влатко Јанев во четвртфиналето и Горан Ѓурчиновски во полуфиналето по втор пат едно по друго се квалификуваше за финалето.

Овој пат таму наиде на расположениот Дејан Сипковски, кој без изгубен фрејм во полуфиналето и финалето, против своите најголеми конкуренти во генералниот пласман, Данилов и Јашари, го освои вториот турнир од предвидените три за Националното првенство во снукер на Македонија. Сипковски во финалниот меч демонстрираше искуство и го наметна својот супериорен дефанзивен стил, при што не дозволи поголеми поентерски серии на Јашари, кој пак во групната фаза го направи највисокиот брејк на турнирот од 39 поени во низа.

Со освојување на овој турнир Дејан Сипковски се искачи на второто место во генералниот пласман и најави неверојатно интересна завршница на првенството. Последниот трет турнир од Националното снукер првенство ќе го продуцира шампионот, при што се уште лидер е кумановчанецот Јашари, а на трето место е ланскиот првак, Павле Данилов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни