АТП
Синер ќе се обиде да го надигра Ѓоковиќ за престижен трофеј, но и рекордна награда во тениската историја

Јаник Синер вечерва ќе се обиде да стигне до втора победа во серија над Новак Ѓоковиќ, а покрај триумфот за престиж и освојување на завршниот Мастерс, Италијанецот ќе има дополнителна мотивација во финалето.
Со оглед на перфектниот скор на турнирот во Торино, Синер има можност да стигне до рекордна парична награда со евентуален триумф против светскиот рекет број еден.
Во такво сценарио, Синер ќе биде побогат за 4,8 милиони долари, што ќе биде нов рекорд во однос на парична награда од еден турнир, а италијанскиот тенисер ќе стигне до неа благодарение на фактот што би имал пет победи од исто толку одиграни мечеви.
Само за учеството тенисерите добиваат по 325.500 долари, секоја победа во групата носеше по 390.000 долари, а полуфиналниот триумф над Медведев го збогати Синер за 1.105.000 долари. Наградата за победникот во финалето е дополнителни 2.201.000 долари.
Ѓоковиќ исто така ќе биде богато награден за своите успеси во Торино, но неговата максимална заработка може да достигне 4,41 милиони долари поради фактот што има еден пораз во групната фаза.
Сепак, српскиот тенисер има дополнителна мотивација и во фактот што за него победата би значела нов тениски рекорд, односно седми трофеј на завршните Мастерс турнири во кариерата.
-
Италијапред 21 час
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 15 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 15 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 7 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 20 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Поранешна премиерлигашка ѕвезда со интересен став: Би го избрал Хаверц пред Рашфорд