Поврзете се со нас

АТП

Синер го призна поразот и порача: Новак, ти си инспирација за сите нас!

Објавено

на

Јаник Синер не успеа да дојде до уште еден голем резултат против Новак Ѓоковиќ, поточно во рок од само неколку дена по вторпат да го совлада првиот светски рекет.

Италијанецот доживеа пораз од 2-0 во финалето на завршниот турнир во Торино, пораз од 6-3 и 6-3 кој треба да биде добра лекција за во иднина, меч од кој може да се научи и извлечат работи кои би му помогнале во блиска и далечна иднина.

Синер го призна поразот, му честититаше на Новак и притоа го посочи Србинот како пример, инспирација за него и сите останати тенисери.

-Му честитам на Новак на сите турнири и грен слемови. Ти си голема инспирација за нас, помладата генерација. Честитки за тимот на Новак, секоја чести, тие вршат неверојатна работа. Благодарам и на мојот тим, многу. Се надевам дека во годините што претстојат ќе бидам само подобар и дека ќе можам да продолжам да се натпреварувам со најдобрите тенисери во светот.

-Ви благодариме на сите за поддршката! Благодарност и до италијанската федерација која одлично си ја врши работата. Би сакал да им се заблагодарам и на сите спонзори, собирачи на топки, судии и уште еднаш благодарност до одличната публика. Сонував за ова уште кога бев момче. Се уште не е готово, Дејвис купот е пред нас, -порача Јаник по средбата во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни