Балкан
Симаниќ со детали: Пет дена не знаев за себе, не знам дали повторно ќе заиграм кошарка

Бориша Симаниќ за мнгоумина е најголемиот херој од Мундобаскетот, бидејќи српскиот репрезентативец преживеа две тешки операции и вчера беше присутен на големата прослава која се случи во Белград.
Симаниќ доби еден од 20-те сребрени медали кои и припаднаа на српската кошаркарска репрезентација во Манила, одличје кое вечно ќе го памети поради сето она што му се случи на овој турнир.
Поради еден навидум безопасен дуел, Симаниќ заврши на операција и остана без бубрег, а во втората интервенција која морала да биде направена, лекарите откриле дека му го спасувале животот.
Бориша успеа да се опорави и вчера беше дел од историскиот пречек во Белград, по што дал и кратка изјава за „Радио Београд“.
– Сега се чувстувам навистина одлично, но на почетокот беше многу непријатно. Од ден во ден сум се подобар. Почнав да одам сам и да јадам, се надевам на брзо опоравување. Имав две операции и пет дена не знаев за себе, немав ниту телефон блиску до мене. Кога првпат добив сила да дојдам до телефонот, им испратив порака на моите соиграчи и тоа ги подигна.
– И мене ми значеа нивните победи и на тој начин меѓусебно се исполнувавме. Ги следев преку мобилен и се радував на нивните резултати. Можно е повторно да заиграм кошарка, но ќе видиме. Сега знам дека три месеци не смеам да правам ништо, а после тоа ќе имам анализи и ќе видиме како бубрегот ќе одговори на физички напор, – открил Бориша.
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)