Поврзете се со нас

Конференциска лига

Силекс ремизираше против Петроклуб во Скопје, Струга со убав резултат се враќа од Летонија

Објавено

на

Македонските претставници имаат активни резултати по првото квалификациско коло во новоформираното натпреварување од УЕФА, Конференциската лига.

Екипата на Силекс беше домаќин на молдавскиот Петроклуб во Скопје во натпревар кој на крајот заврши без победник, со конечен резултат 1:1.

Македонскиот претставник прв дојде до водство со голот на 20 годишниот Додевски уште во 5. минута, додека гостите израмнија со гол постигнат во судиското продолжение од првото полувреме преку Сергиу  Платица.

Вториот наш претставник, екипата на Струга, пак извлече позитивен резултат на гостувањето во Летонија кај тимот на Лиепаја.

Струга изгледаше сосема солидно на теренот, но домаќините први дојдоа до предност со голот на Додо во 31. минута од средбата. Стружани израмнувачкиот погодок го чекаа дури до самиот финиш, кога во 93. минута гол вреден активен резултат пред реваншот постигна Бесир Исени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни