Поврзете се со нас

Конференциска лига

Силекс херојски се бореше во Молдавија, но доживеа болна елиминација во 95. минута

Објавено

на

Силекс како македонски второлигаш кој избори пласман во Европа скапо ја продаде кожата во првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, но за жал, кратовчани примија евтин гол во самата завршница од мечот кога се чинеше дека ќе се играат продолженија.

Македонскиот претставник одигра 1:1 против Петрокуб на првиот натпревар кој се одигра во Македонија, па вечерва долго одолеваше и ги одржуваше почетните 0:0, кои со оглед на новото правило од страна на УЕФА за укинување на предноста со гостински голови, требаше да обезбедат продолженија.

Наместо тоа, тимот на Горазд Михајлов прими гол во 95-та минута, што значеше крај на европското лето за кратовчани уште во воведната рунда во новоформираното натпреварување на европската куќа на фудбалот.

Платица ја искористи колебливоста на Божиновски и погоди за 1:0 и голема победа на молдавскиот тим во последната акција од средбата, по што фаворитот на далеку потежок начин се пласираше во следната квалификациска рунда.

Претходно, своето учество во ова натпреварување го заврши и Струга Трим и Лум, тим кој на домашен терен загуби од Лиепаја со 1:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни