Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шоу за Цефас, Шкупи со „петарда“ за Хегелман

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи издвојуваа голема победа над Хегелман од 5-0 во првата квалификациска средба во Конференциската лига на УЕФА.

Поранешниот македонски шампион го уништи литванскиот тим на негов терен и ќе биде потребно да се случи чудо да не се пласира во следната фаза, поточно да не отиде на соочување со Левски од Софија.

Чаирчани го имаа расположениот Цефас кој даде по два гола во двете полувремиња, а во листата на стрелци се запиша и Куевен.

Реваншот во Скопје е закажан за наредната седмица и тоа на 20 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни