Поврзете се со нас

Англија

Шмајхел дециден против смена на Солскјер: Тој не е вистински избор за Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел цврсто застанува во одбрана на Оле Гунар Солскјер кој работи под голем притисок по неконстантните партии на „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед во своите редови има одлични индивидуалци, но барем засега клубот не ги користи нивните квалитети и не може да стигне до некој поголем успех.

Токму затоа се почести се пишувањата дека Солскјер би можел да си оди, а меѓу кандидатите кои се споменуваат како негов можен наследник се наоѓа и името на Антонио Конте.

Шмајхел смета дека Конте не е калибар за Манчестер Јунајтед затоа што не се задржал на клупата на еден тим повеќе од две-три години.

– Може да речете дека Конте е брилијантен, но тој не останува во клубовите повеќе од две до три години. Ние не сме таков тип на фудбалски клуб. Веќе го пробавме тоа и не функционираше.

– Луи ван Хал не ја освои Премиер лигата, Мурињо не го стори тоа. Со Конте или друг тренер нема да има никаква разлика. Тие сакаат да бидат само мало делче од големата историја на Манчестер Јунајтед, -изјави Шмајхел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни