Поврзете се со нас

Франција

Шкриниар преставен во ПСЖ: Многу сум среќен, ова е еден од најдобрите клубови на светот

Објавено

на

Францускиот прволигаш Пари Сен Жермен го затвори прашањето околу новиот предводник кој ќе биде Луис Енрике кој доаѓа на местото на Криштоф Галтие, па сега може да се фокусира на екипата, составување на што подобар тим за натпреварувачкаат 2023/2024.

Денеска официјално беше потврден ангажманот на дефанзвецот Милан Шкриниар. Од поодамна беше познато дека Словакот си заминува од Интер, односно како слободен играч ќе се пресели во нова средина која е ПСЖ.

Тој се обврза на договор до 30 јуни 2028 година.

-Многу сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб. ПСЖ е еден од најдобрите клубови во светот, со играчи од светска класа и фантастични навивачи, -порача стоперот кој во досегашното парување има настапувано и за Сампдорија, Злате Моравце и Жилина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни